Ленче Ристовска: Имаме незаконски проток на пари низ цела Европа

Специјалната обвинителка Ленче Ристовска му порача на судството дека треба да биде куче-чувар на владеењето на другите две власти, кои кај нас, како што рече таа, и тоа како се поврзани, за да нема злоупотреба на владеењето на извршната и законодавната власт. Ристовска беше еден од говорниците на дебатата на на завршниот ден во Скопје на Форумот на граѓанското општество, на тема „Враќање на демократијата, Европа и и социјалната правда“, посветена на ситуацијата на земјите од Западен Балкан. – објави СДК.

„Ние се бориме против неказнивоста, против корупцијата. Целиот овој процес на крајот мора да резултира со подобрување на демократијата. Конкретните резултати од нашата работа зависат од многу фактори. Почнавме од една позиција. Тешко е. Треба заедно, како општество да ја промениме ситуацијата со неказнивоста и корупцијата“, одговори Ристовска на прашање зошто во Македонија тие што крадат се чесни луѓе, а чесните луѓе кои се бунат против тоа се во затвор и кога граѓаните, кои толку го поддржуваат СЈО ќе видат конкретни резултати од неговата работа.

Кај дискусиите за ЕУ во која бледеат основните вредности и се помалку има солидарност, како обвинител, Ленче Ристовска потсети: “Имаме незаконски проток на пари низ цела Европа“.

Целиот текст прочитајте го тука

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e