Кузеска: Кој е ставот на Мизрахи по признанието на Мицкоски за континутитет со Ванчо Михајлов?

Воопшто не е за изненадување тоа што Мицкоки стана заложник на Димитар Апасиев и Левица.

Заложникот Христијан Мицкоски лично го потврди континуитетот на ВМРО-ДПМНЕ со ликот и делото на Ванчо Михајлов.

ВМРО-ДПМНЕ е континуитет на луѓе кои што биле извршители на Третиот Рајх, кои го негираат македонскиот идентитет, идеолошки поклоник на фашизмот, порача денеска на прес-конференција Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
Сликите на Мицкоски со оние кои го отвораат бугарските клубови не се случајни, Михајлов е дел од континуитетот на ВМРО-ДПМНЕ.

Со таквото однесување Мицкоски ги погази ја погази идеологијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Што ќе кажат на ова пратениците на ВМРО-ДПМНЕ? Што е одговорот на Рашела Мизрахи за скандалозното признание на Мицкоски?

Мицкоски е слаб, обичен послушник на Никола Груевски кој работи на штета на државните и националните интереси, рече Кузеска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e