Ковачевски: Опозицијата блокира закони за зголемување на платите во јавниот сектор, ние нема да се откажеме

„Во јавниот сектор 17.000 вработени ќе добијат зголемување на минималната плата на ново ниво од 18.000 денари, а веќе во изминатите години оваа влада ги покачи платите на голем број сектори во државата.

Од образование, МВР, здравството каде што беа зголемени платите до 25 -40%. Ние веќе имаме закон во собранието за наставниците, прво трансформација на работниот однос од определено на неопределено на 4.700 наставници кои ги школуваат нашите деца и кои претставуваат основа на образовниот систем и идниот развој на државата, како и зголемување на платите согласно коефициенти поврзани со минималната плата која е сега зголемена. Тој закон беше блокиран од страна на опозицијата цела година, сега гледам дека опозицијата предлага ист таков закон во собрание каков што блокриаа цела година. Тоа е неодговорно и тоа е апсолутно несоодветно однесување на една опозиција во време на криза, особено кога имало законско решение кое го блокирале една година од само ним познати причини.“- коментираше премиерот Димитар Ковачевски, во интервјуто на Сител.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e