Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ се залага за амнестија на криминалците, затоа не го поддржуваат законот за ЈО

Нашиот став е јасен од старт за законот за ЈО. За воспотавуавње на правна држава мора да се донесе овој закон. Еврокомесарот за проширување беше јасен во своите ставови. Сите заложби на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во однос на амнестија на криминалот и криминалците не смее да помине, вели портпаролот на СДСМ, Костадин Костадиновво емисијата „24анализа“.

-Од суштинска важност за државата е да помине новиот закон за ЈО. Ги повикуваме сите политички партии да се издигнеме сите заедно над партиските интереси и да го поддржиме законот. Со тоа ќе покажат дека се залагаат за правна држава, вели Костадинов.

Тој додава дека е апсурд тоа што во преговарачкиот тим на ВМРО-ДПМНЕ за овој закон е еден обвинет и адвокати на обвинети од страна на СЈО.

-Не им е лесно на нашиот преговарачки тим кога од другата страна ги имаат Антoнијо Милошоски кој е еден од обвинетите во случаите на СЈО како и двајца адвокати кои застапуваат луѓе кои се со обвинениет од страна на СЈО, вели Костадинов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e