Додека премиерот Зоран Заев се бори бара политичка поддршка за спогодбата за името со Грција, која во неделата привлече низок одзив на референдумот, западните лидери изразија поддршка за договорот, додека Москва најави дека би можела да го блокира договорот во Советот за безбедност на Обединетите нации, објави „Катимерини“, иако не дава објаснување како ќе го изведе тоа над ова можно решение на билатерален спор.
– Руското министерство за надворешни работи, истакна дека нискиот одѕив на референдумот го направи својот исход ништовен и неважечки, додавајќи дека заклучоците од преговорите меѓу Атина и Скопје би можеле да завршат со дискусија во Советот за безбедност на ОН – се повикува „Катимерини“, толкувајќи ја официјалната реакција на Москва објавена вчера.
Заев мора да додаде уште 1о гласови за да ги собере 80-те потребни за да го истурка договорот за името преку македонскиот парламент и да го отвори патот за пристапување на неговата земја во НАТО и во Европската унија. Но, отпорот на политичката опозиција кон договорот останува цврст., пишува изданието.