Катица Јанева користи одмор, на работа не кажала дали ќе оди на Халкидики

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, користи годишен одмор, потврдуваат од СЈО откако пред два дена Канал 5 објави вест со фотографија дека таа е на летување на Халкидики, во Ханиоти.

Освен информацијата дека Јанева е на одмор, од СЈО за порталот Плусинфо ниту ја потврдиле, ниту, пак, ја прпкоментирале фотографијата и информациите дека таа е на плажа во Грција, бидејќи обвинителката не кажала каде и како ќе го користи одморот.

Објавата на фотографијата со шефицата на СЈО доаѓа во период кога таа е во центарот на вниманието во јавноста поради објавата на аферата „Рекет“.

Во неа осомничени се Бојан Јовановски – Боки 13 и бизнисменот Зоран Милески – Кичеец, дека земале пари од бизнисмен кој е под истрага на СЈО за да го „олеснат“ неговиот третман во случајот кој го водат специјалните обвинители.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e