Калеска -Ванчева: Мерките на Владата опфаќаат 250.000 работници, Мицкоски и во време на криза тера политикантство

Државата, сите институции се силно посветени на справување со здравствените и економски последици од коронавирусот. Само Христијан Мицкоски е посветен на партиски интереси и тера политикантство. Дури и во ваква кризна состојба, Мицкоски не може да престане со лицемерието и лажните вести што секојдневно ги шири, порача денес на прес-конференција Снежана Калеска -Ванчева, координаторка на Форум на Жени на СДСМ.

Наместо одговорност, Мицкоски не ги почитува мерките и задолженијата за спречување на коронавирусот и очајно се обидува да профитира врз несреќата на граѓаните.

Денес, нашата држава се соочува со најголемата здравствена криза во историјата, сега не е време на политикантство, туку за одговорност и посветеност, последиците врз економијата да бидат што помали.

За таа цел Владата донесе сет на мерки што имаат за цел да го ублажат ударот врз економијата и полесно да се преброди кризата.

200 милиони евра се обезбедени за првична помош на работниците, да се зачуваат работните места.

Со мерките се опфаќаат 250.000 работни места и 35.000 компании, но помош има и за спортистите, уметниците, занаетчиите, но и за лицата кои се дел од неформалната економија.

Сите вработени погодени од кризата ќе добијат по 14.500 денари за месеците април и мај, а оние кои останале без работа, ќе добиваат 50 отсто од платата што во просек ја добивале во последните 24 месеци.

Граѓаните и компаниите имаат можност за одлагање на плаќање на кредитите за три до шест месеци, а до 30 јуни нема да се преземаат извршни дејствија од страна на извршителите.

На микро, малите и средните претпријатија на располагање им се ставени кредити од 3 да се до 30 илјади евра, со 0 отсто каматна стапка и 6 месечен грејс период.

Ова е време кога солидарноста, меѓусебното помагање и поддршка се вредностите околу кои треба да се обединиме. Сите сме заедно во ова и само заедно можеме да ја победиме здравствената но и економска криза со која сме соочени.

Сега не е време за популизам, за дневна политика и лажни вести. Сега е потребна одговорност од сите, вклучително и од политичките партии. Сите капацитети да ги ставиме во надминување на кризата затоа што за секој од нас се работи, порача Снежана Калеска -Ванчева.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e