Калеска – Ванчева: 24 декември е вистинското лице на режимот, вистинското лице на насилничката криминална матрица на ВМРО-ДПМНЕ

„Пред седум години на овој ден јавноста беше сведок на насилничкото лице на режимот. 24 декември е еден од најцрните датуми во нашата демократија“, вели Снежана Калеска – Ванчева, пратеничка на СДСМ

„На 24 декември 2012 ВМРО-ДПМНЕ раководена од Никола Груевски насилно ги избрка прво новинарите од собраниската галерија, а потоа на насилнички подмолен начин ги исфрли пратениците од тогашната опозиција од СДСМ.

24 декември е вистинското лице на режимот, вистинското лице на насилничката криминална матрица на ВМРО-ДПМНЕ. Таквата матрица кулминираше на 27 април со крвавиот четврток и насилниот упад во Собранието, кога беше извршен обид за убистрво на пратенции, новинари и вработени во Собранието“, посочува таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e