Јорданов до градоначалниците од ДПМНЕ во истокот: Квазипатриоти и лицемери, доста се криевте позади измачениот народ и лажниот патриотизам!

Во врска со соопштението објавено од Ратко Димитровски, во име на градоначалниците од истокот, од име на свесните и разумни граѓани на ИЕ 3 им порачуваме :

1. Зоран Заев и СДСМ не дозволи промена на уставот, не дозволи децата да учат албански, не дозволи ништо што е во спротивност со интересите на ИСТОКОТ. Ратко Димитровски и неговите колеги за време на изборите лажеа, бесрамно го лажеа својот народ. Ги плашеа граѓаните со измислици кои не се случија. Секој разумен нека се сети што лажеа од ДПМНЕ и нека спореди со договореното, сам ќе ја заклучи вистината.

2. Ратко Димитровски и неговите партиски колеги се исплашени од новата Влада. Ќе ја изгубат заштитата од окупираните институции кои ги штитеа и прикриваа нивните криминали. Се плашат од новата Влада, од функционирањето на институциите и откривањето на нивните тендери, ДУП –ови, провизии, уцени . Знаат дека доаѓа време на ЖИВОТ, доаѓа време на ослободување од нивните пранги, доаѓа слобода и правда!
Знаат дека заврши нивното време на крадење и доаѓа време да се одговара, по закон!

3. Лидерот на Ратко, Никола Груевски прифати исто решение за двојазичност, од точка до точка. Не прифати само една работа – продолжување на мандатот на СЈО. ИСТОКОТ знае зошто Ратко и неговиот лидер го опструира СЈО, затоа што ќе продолжат да излегуваат нивните криминали.

Нека одговорат истите квазипатриоти како ќе го бранеа решението што го потпиша нивниот шеф? Ќе го бранеа како најдобро. Ним не им е гајле ни за јазик ни за народ ни за држава. Ако им беше гајле немаше да се исели половина ИСТОК, немаше да владее таква неправда и зло.

Квазипатриоти и лицемери, доста се криевте позади измачениот народ и лажниот патриотизам. Заврши лицемерието. Истокот знае, Истокот ве прочита. Во декември го добивте првиот шамар, СДСМ доби двојно поголема подршка од 2014, доби плус 30 000 гласови.
Следи вториот шамар, на локалните избори СДСМ ќе добие многу поголема подршка. Ние одиме нагоре, а вие надолу.
Вашата валкана игра заврши. Готово е.
Колку и да се обидувате да се криете позади патриотизам, сите знаат дека сте криминалци кои што ќе одговараат.

Вие сте срамот и предавниците на ИСТОКОТ, и затоа ќе бидете казнети !

Емил Јорданов, регионален координатор на СДСМ за Изборна Единица 3

gradonacalnici

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e