Јанкулоска доби 6 години затвор за набавка на Мерцедесот

Кривичниот суд ја осуди на 6 години затвор екс-министерката Гордана Јанкулоска во издвоената постапка за предметот „Тенк“ на СЈО, за набавка на луксузниот Мерцедес, за кој веќе се осудени екс-премиерот Никола Груевски и поранешниот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски.

Обвинителството, во завршниот збор на 3 октомври, побара Судот да ја прогласи Јанкулоска за виновна за злоупотреба на службена должност и овластувања, како и да ги подмири трошоците заедно со Поповски и Груевски во висина од 313 илјади денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e