Апелацискиот суд ја одби жалбата на екс министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески за укинување на мерката домашен притвор, која му е изречена за случајот „Шпански скали“.
Инаку, куќниот притвор на Јанакиески му е определен за случајот „Шпански скали“ во кој обвинети се уште 10 службеници од министерството, катастарот, нотар и бизнисмени.
Според обвинителството, тие предизвикале буџетска штета од 2,64 милиони евра.