Евроинтеграциските процеси се закочени од оваа Влада, а со тоа и иднината на многу генерации. Ова го истакна пратеникот на СДСМ Љупчо Николовски во емисијата „Дејли клик“ на ТВ21 кој рече дека актуелната власт ги изневерила очекувањата на граѓаните не само во однос на европскиот пат, туку и за се она што пред изборите ветуваше.
-Времето го губиме и за овие и за следните генерации и тоа се потврди само неколку месеци од функционирањето и од одвојувањето на Албанија која што ја одржа втората меѓувладина конференција ги отвора поглавјата и ние кои што заглавивме и кои што денеска еве гледаме дека теми се меѓуетничките односи, националистичките прашања и така натаму, изјави Љупчо Николовски од СДСМ.
Уставните измени и продолжувањето на европскиот пат треба да се приоритет на целокупното општество додаде Николовски. Сепак, неисполнувањето на оваа цел заедно со подгревањето на националистички теми не очекува дека би предизвикало предвремени парламентарни избори заедно со локалните.
–Скршнувањето на тој правец и заглавувањето на генерации луѓе, со неостварувањето на оваа цел и во замена на тоа да одиме на парламентарни избори или да се занимаваме со етничките прашања и со националистички реторики, воопшто не носи на никого добро. Сметам дека целокупната енергија на општеството, треба да биде насочена како да сите заедно го одблокираме овој процес, изјави Љупчо Николовски од СДСМ.
Николовски рече и дека периодот што следи СДСМ ќе работи на подготовка за локалните избори со тоа што ќе се бараат најдобрите кандидати за советници и градоначалници.