Груевски си ги испразнил сметките уште во септември – ги подигнал 200-те илјади евра

Поранешниот премиер Никола Груевски уште во септември, кога во Собранието држеше прес-конференција и обвинуваше дека е жртва на политички прогон, во периодот кога Апелацискиот суд на јавна седница расправаше за неговите жалби и се очекуваше да донесе конечна одлука дали ќе оди во затвор, си ги подигнал сите пари што ги имал на сметките, пишува Независен.

Главната обвинителка на Специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, на една од своите прес-конференции соопшти дека Груевски поседува 35 банкарски сметки во шест деловни банки. Според податоците што тогаш ги објави, на 20 денарски сметки имало речиси 10 милиони денари, а на 14 девизни сметки поседувал над 42 илјади евра.

Иако информацијата за подигањето е неофицијална, од Специјалното јавно обвинителство официјално потврдија дека нема што да замрзнат бидејќи Груевски во моментов нема пари и имот на свое име, а неговите банкарски сметки се на нула.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e