Ѓурчевски за Телма: Се уште има луѓе во МВР кои можеле да им помогнат на Грујовски и Бошкоски

Поранешниот началник во МВР, Љубомир Ѓурчевски изрази дилеми околу бегството на високите полициски службеници Грујовски и Бошкоски, и дали нивните бугарски пасоши се фалсификати или имале образец. Дали внесените информации во пасошите се внесени од оригинални бугарски машини, или пак од машини на фаслификатори. Прашањето според Ѓурчевски е дали бегалците, сега во раце на грчките власти, кои сигурно имале соработка и со бугарските служби, можеби добиле помош од бугарска страна.

Ѓурчевски додаде, дека не е невообичаено припадници на МВР да имаат два-три идентитети, кога станува збор за инфилтрирање во криминални активности, или заради интерес на државата, но во овој случај станува збор употреба на фалсификувани идентитети со цел прикривање на криминални дејствија.

Околу прашањето дали имале јатаци, помагачи во бегството, според Ѓурчевски тоа што е сигурно е дека во институциите и во МВР се уште се позиционирани луѓе блиски до поранешната власт кои можеле да им помогнат, со цел да не бидат изведени пред правдата и за тие да не издадат доверливи информации.

Ѓурчевски изрази сомнеж дека лице како Грујовски, доколку уапсен, би молчел, односно, дека лесно би проговорил. Околу нивната екстрадиција, изрази надеж дека Грција ќе биде коректна и нема да се обидува да ги искористи за извлекување на информации.

Извор: Телма

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e