(ФОТО+ВИДЕО) Мерцедесот на Груевски пристигна во Кр.Паланка

Група на граѓански активисти вчера во Крива Паланка организираа герила акција со цел на граѓаните да им се претстави што можеше да се направи со 600 000 евра народни пари, пари за кои  како што велат наместо власта да се луксузира со супер скапо возило набавено во наместена тендерска процедура можеше да се рестартира рудникот Тораница во кој имаше 500 вработени.

Во центарот на градот беше поставена импровизација на автомобил Мерцедес за кој во аудио снимките кои ги објави опозицијата се зборува за Мерцедес од близу 600 000 евра кои Министерството за внатрешни работи  го набавило по наредба/укажување на во тоа време премиерот  Никола Груевски.

Граѓаните, како што може да се види на видеото подзастануваа и имаа можност да го видат импровизираниот автомобил.

Нивната реакција погледнете ја во следното видео

9 8 7 6 4 3 2 1

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e