(ФОТО) Во Свети Николе се одржа манифестацијата „Ден на млад фармер“

Мрежата на млади фармери во соработка со општина Свети Николе, а со финансиска поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, денеска на плоштадот „Илинден“ во Свети Николе, ја организираше манифестацијата „Ден на млад фармер“.

42368329_2259397807615079_2297570245071601664_n

Со бројни штандови на земјоделски производители, претпријатија -дистрибутери на земјоделска механизација и млади фармери, каде што беше изложено дел од производството, како и новите машини и трактори, присутните имаа можност да се запознаат и остварат контакти со сите чинители кои остваруваат завидни резултати во аграрот.

42345065_2259397747615085_3629385847750524928_n

Министерот за земјоделство Љупчо Николовски, во своето обраќање истакна, дека перспективите на земјоделците и на младите фармери се Фондовите за земјоделство на Европската унија, кои што во наредниот период ќе бидат многу подостапни и поедноставени.

„Секоја инвестиција во младите е инвестиција во иднината на оваа држава. Ми беше задоволство да присуствувам на денешниот саем за млади фармери во Свети Николе, кој се одржува под покровителство на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, во чии рамки го избравме најдобриот млад фармер и видов многу квалитетни производи. Продолжуваме да подржуваме вакви локални настани за развој и афирмација на земјоделството. Продолжуваме да носиме и мерки за помош и поддршка на младите. Со влезот во ЕУ за нив се отвора пазар од 500 милиони потрошувачи. Тоа значи стабилен пласман и повеќе приходи за сите наши земјоделци.“ – рече Николовски.

42301099_2259397894281737_2836395508925202432_n

 Градоначалникот на општина Свети Николе Сашо Велковски, истакна дека ваквите настани отвораат нови можности и перспективи младите земјоделци се’ повеќе да го развиваат своето производство и се’ повеќе да бидат присутни на пазарите со квалитетни производи.
42249314_2259397637615096_3177940804475813888_n

Мрежата на млади фармери ја организира оваа манифестација со цел да придонесе за анимирање на младите земјоделци преку јавни настапи кои пренесуваат успешни приказни, а со тоа да се зајакне свеста на младите за потребата од нивно останување во руралните средини, наследување и развивање на агро бизнисот.

Плакета за најдобар млад фармер Министерот Николовски му додели на Марио Петрев од село Амзабегово.

42416662_2259397560948437_8132269031626375168_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e