Во новиот број на неделникот Фокус ќе читате:
ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Не успеа ли никој во таборот „за“ да направи калкулација дека неуспешен референдум само дополнително ќе ги комплицира работите, дека може да ја засили позицијата на противниците на Преспанскиот договор, и да го врати „во живот“ дезориентираниот стечаен управник на Фамилијата?
ЌЕ ЈА ПРОКОЦКАМЕ ЛИ ЕВРОПСКАТА ИДНИНА ЗАРАДИ НЕКОЛКУ КРИМИНАЛЦИ?
Дали сдсмовските гласачи од Ново Село не излегоа на референдум заради лошата крими судбина на осудениот градоначалник? Зошто на вмровските гласачи не им пречи што безмалку цело претходно раководство е обвинето за злосторничко здружување? А и новото раководство како повеќе да е загрижено за амнестија на своите сопартијци отколку за евопската ни иднина
ХОРХЕ ВО ОН СО „ТЕШКОТО“ И „КАЗАЧОК“
Сѐ уште претседателот д-р Ѓорге Иванов десетина пред-референдумски денови помина во САД. Од Крушево, преку Детриот, па во Њујорк, „античкиот“ и „тврдокорниот“ се врати во Скопје. Сето време, во двата мандата, „трчајќи“ со брзина на полжав, Иванов играше „Тешкото“, а Хорхе цупкаше „Казачок“
ЉУБОМИР ЈОВЕСКИ: НИКОЈ НЕМА ДА БИДЕ АМНЕСТИРАН ОД ОДГОВОРНОСТ ЗА „27 АПРИЛ“
На чело на Републичкото јавно обвинителство, веќе девет месеци е Љубомир Јовески. Важи за смирен и тивок, но неговите колеги велат дека знае и да избувне кога тоа од него го бара професијата. Со првиот човек на обвинителството зборувавме за еден од најактуелните судски случаи „27 април“, за тоа дали ќе одговараат нарачателите на насилниот упад во Собранието, но и за неговиот став за СЈО
МВР ИСТРАЖУВА ЗА ПРОФЕСОРОТ – МИТАЏИЈА
По пријава на 102 студенти од Медицинскиот факултет во Скопје, МВР го истражува случајот за професорот кој наводно земал мито за да ги пропушти студентите на испитот од втора година. Поради пријавата во МВР, сега е многу тешко да се докаже корупцискиот скандал, зашто професорот веќе не може да биде фатен при извршување на кривичното дело
МАТЕМАТИКИ И СТРАТЕГИИ
Ако се знае дека на парламентарните избори во 2016 гласаа речиси 1,2 милиони гласачи, а на референдумот „за“ гласаа 600 илјади гласачи, испаѓа дека Македонија е поделена речиси точно, пола-пола во однос на прашањето дали да се промени името или да остане исто.
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
Русија ни порачува да не се менуваме, согласно Уставот, додека САД, ЕУ и НАТО ни порачуваат да се менуваме заедно со Уставот и да им се придружиме. Промената е главната карактеристика на животот на човекот и на државите. Aко не верувате, земете ја својата матурска фотографија и застанете пред огледало
Сашо ТАСЕВСКИ
Што ќе се случи, никој не знае, но и во двата исходи, НАТО или ИЗОЛАЦИЈА, можно е најголемиот губитник од целиот овој театар на апсурд и пазарот што следува, да бидат етничките Македонци. И оние невидливите што го бојкотираа референдумот и оние ЗА
Ана ПАНОВСКА
Бидејќи многу љубат да произведуваат поделби, ќе им предложам на вмровците од утре да си ја продолжиме прикаската за „националната поделба“: да си се поделиме, тие нека си се викаат ПАТРИОТИ и нека си останат еден век назад, а ние што сме за европска Македонија ќе си се викаме РОДОЉУБИ и ќе мислиме еден век за напред!
Д-р Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Како секој зависник од алчноста за власт и пари, треба да си признаеме и да побараме политичка, правна и економска помош. На тоа нè обврзува инстинктот, ние единките, биолошки и економски да преживееме како нужен услов да преживее нацијата и државата во целина
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
„Брливометарот“ продолжи ептен брливо да регистрира бојкотирање на референдумот со единствена цел да се остане во жабокречината наречена Мафијадонија со институции, кои брливо функционираа поради лошиот човечки материјал со глупост и злоба