Фактор: Возилата на ЈП „Комуналец“ од Кр.Паланка месечно трошат по 5.000 евра за гориво

Возилата на „Комуналец“ од Крива Паланка годинава потрошиле 60 илјади евра за гориво. За набавка на индустриска сол за зимско одржување на улиците претпријатието троши по 4.800 евра,  додека за купување на пијалоци, храна и средства за хигиена  се трошат 3.455 евра. Склучени се договори за набавка на огревно дрво, како и за поставување на подно греење.

За лешници, бадеми, ф’стаци, кикирки и чоколадни бомбони, комуналното претпријатие од Крива Паланка, во првите четири месеци од годинава платило 360 евра. Тоа е десет проценти од вкупно планираната набавка на артикли за чајна кујна и средства за хигиена, за што со фирмата „Рашо Трејд“ склучен е договор за сума од 3.455 евра.

Се набавуваат и жестоки пијалоци. Во планот за годишната набавка само за виски, вотка, вино, пиво и ракија предвидени се 500 евра. Дел од нарачките се веќе фактурирани во првите четри месеци од годинава. Односно, фактурата од крајот на април годинава покажува дека само за виски, вотка и ракија се платени 165 евра, од предвидена сума за овие пијалоци. Најмногу пари во планот се предвидени за набавка на кафе, односно 230 евра.

Останатата сума е предвидена за набавка на чај, сокови, прехрамбени производи, како и средства за хигиена.

За зимско одржување на улиците во Крива Паланка,  односно за набавка на инудстриска сол се трошат само 4.800 евра

И минатата и оваа година, претпријатието „Комуналец“ од Крива Паланка индустриската сол ја набавува од иста фирма. Склучени се договори со фирмата КИ-ЕМ од Скопје, и тоа со идентична сума од по 4.800 евра годишно.

Според договорот и испорачаните фактури, минатата година, индустриска сол била нарачана два пати. И тоа, еднаш на крајот на декември кога се нарачале 26,190 тони, по цена од 5.500 денари за тон, а потоа за истата цена имало уште една нарачка на крајот на јануари на 27,520 тони.

Со истата фирма, и годинава е склучен договор од 4.800 евра за набавка на индустриска сол.

Возилата на „Комуналец“,  месечно трошат по 5.000 евра за гориво

Годинава секој месец во просек, возилата на „Комуналец“ трошеле по 5.000 евра за гориво. Вкупно, според испорачанаите фактури од почетокот на годинава па до сега се потрошени нешто помалку од 60.000 евра, колку што пак изнесува склучениот договор.

Освен, ова ЈП Комуналец за набавка на огревно дрво од Македонски шуми склучило договор за сума од 3.600 евра, а за поставување на подно греење на ккалин Камен, се потрошени околу 5 илјади евра.

Извор: Фактор

Автор: Наташа Стојановска

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e