ЕУ гарантира повисоки и навремено исплатени субвенции и пораст на странските инвестиции во земјоделството

Европската унија гарантира повисоки и навремено исплатени субвенции за земјоделците, а токму тоа е еден од нашите приоритети, досега за 2017 се исплатени 99% од субвенциите што доволно говори дека се движиме по тој европски пат, која гарантира безбедност и стабилност за земјоделците, порача министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, на денешните средби со земјоделци од општината Карбинци.

„Само за еден јавен повик за европската ИПАРД 2 програма , досега се склучени 902 договори што е повеќе од вкупно сите 12 повици претходно. Вкупната одобрена сума е 15,6 милиони евра, од кои 11,7 милиони евра се од европските фондови. Ова ја покажува нашата заложба за максимална искористеност на европските фондовите, кои значително ќе се зголемат со влезот на нашата држава во НАТО и ЕУ“, изјави Николовски.

Николовски ги информираше земјоделците за измените на Законот за земјоделство и рурален развој се кој што се воведува мерката за поевтина зелена нафта. Воедно Николовски изјави дека во финална фаза се измените на Законот за земјоделско земјиште, но и дека во иднина концесиите за доделување на државно земјоделско земјиште под закуп наместо до и над 3 хектари, ќе бидат до 5 и над 5 хектари, со цел да се постигне окрупнување на земјоделското земјиште што е еден од предусловите за конкурентно земјоделско производство.

Членството во НАТО и ЕУ е важно и за влез на ново инвестиции во земјава, вклучително и во земјоделството, посочи Николовски. Уште со добивањето на поканата за НАТО, 50 странски компании се интересираат за инвестирање во македонскиот агросектор. Николовски потенцираше дека во првото полугодие од годинава,  после поканата за членство во НАТО и напредокот на преговорите со ЕУ, нивото на странски директни инвестиции во земјава изнесува  327 милиони  евра, што е 3 пати поголем прилив од истиот период лани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e