Еколозите и министерството утврдија кој е главен фактор за загадувањето

Со спуштање на температурите значително ќе се зголеми загадувањето на воздухот. Изминативе години во текот на есента и зимата, мерачите за загадување на воздухот постојано бележат алармантни бројки. Според еколозите, отсуството на гасификацијата е главен фактор на загадување, а од другите причинители тука се транспортот и индустријата.

На сегашната влада, но и на претходните влади им апелиравме да работат повеќе за да се изгради гасоводната мрежа. Сигурно дека тоа е долг процес и нема да биде завршен во краток рок, но постојат и други мерки за да се ублажи загадувањето во текот на зимската сезона, вклучувајќи и поинаков режим во сообраќајот, дури и субвенционирање на сметките за електрична енергија”, вели Аријан Џафери – еколог.

Немањето гасификациска мрежа низ државава е главен фактор на загадувањето, потврдуваат и во Министерството за животна средина.

Долгорочните мерки се познати, тоа се гасификација на државата на национално ниво за да се реши проблемот кој доаѓа од домашното загревање, но и транспортот е проблем и бара долгорочни и краткорочни мерки, но, исто така и индустријата, која мора да работи во рамките на законот. За жал, овој проблем ќе постои се додека е голем бројот на корисници на огревно дрво и јаглен“, рече Беса Татеши – Министерство за животна средина.

Гасификацијата на државата е предвидена и во нацрт-програмата на Владата на Зоран Заев, но засега нема позитивни чекори во оваа насока. Минатата година, присуството на канцерогените ПМ10 честички во воздухот беше алармантно, а многу денови беше и 20 пати над дозволените граници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e