ДЗЛП ќе врши инспекциски надзор кај порталите?!

До Дирекцијата за заштита на личните податоци пристигнале иницијативи за вршење инспекциски надзор врз медиуми, односно врз онлајн портали за информирање, заради утврдување на прекршувања на Законот за заштита на личните податоци.

„Дирекцијата за заштита на личните податоци дава укажувања, препораки, презема мерки и активности, кога за одредени неправилности во обработката на личните податоци е информирана, односно има сознанија од претставки на граѓани, поднесени иницијативи за вршење надзор, медиуми или на друг начин во текот на својата работа, а сè со цел да се воспостават добри практики во работењето на контролорите, кои се во согласност со прописите за заштита на личните податоци.

Само во изминатата недела во Дирекцијата за заштита на личните податоци пристигнаа повеќе иницијативи за вршење инспекциски надзор врз медиуми, односно онлајн портали за информирање, заради утврдување на прекршувања на Законот за заштита на личните податоци.

Согласно Член 9 од Законот за заштита на личните податоци („Службен весник на Република Македонија” бр.7/05, 103/08, 124/10, 135/11, 43/14, 153/15 и 99/16): „Матичниот број на граѓанинот може да се обработува само:
– по претходна изречна согласност на субјектот на лични податоци;
– за остварување на со закон утврдени права или обврски на субјектот на лични податоци или контролорот и
– во други случаи утврдени со закон.

Контролорот е должен да води сметка матичниот број на граѓанинот да не биде непотребно видлив, печатен или преземен од збирка на лични податоци.

Согласно член 5 став 1 алинеи 1, 2 и 3 од Законот за заштита на личните податоци („Службен весник на Република Македонија” бр.7/05, 103/08, 124/10, 135/11, 43/14, 153/15 и 99/16), личните податоци се обработуваат правично и во согласност со закон, се собираат за конкретни, јасни и со закон утврдени цели и се обработуваат на начин што е во согласност со тие цели, како и се соодветни, релевантни и не преобемни во однос на целите заради кои се собираат и обработуваат.

Врз основа на горенаведената правна рамка, им укажуваме на сите онлајн портали и печатени медиуми дека е потребно да иницирате бришење на личните податоци, односно минимизирање на обемот на личните податоци кои се објавуваат согласно целта која треба да се исполни при објавата, со цел правично, соодветно, релевантно и не преобемно утврдување на категориите на лични податоци (презиме, име, адреса на живеење (населено место и улица), податок за своерачно потпишување) на граѓаните (субјекти на лични податоци).

Воедно, укажуваме на член 8 од Законот за заштита на личните податоци согласно кој Забранета е обработката на посебните категории на лични податоци, односно обработката на матичниот број на граѓанинот“, стои во соопштението од Дирекцијата за заштита на личните податоци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e