Двајца Срби и еден Русин ставија клуч на Катлановска бања

Двајца српски доктори и еден Русин без дозвола за работа – ова го начекале државните санитарни и здравствени инспектори во ординацијата на Катлановска бања при вонредна контрола по анонимна дојава на 14-ти минатиот месец, дознава 1ТВ.

Од она што го дознавме на терен и од вработени во Катлановска бања, докторите биле специјалисти и на два пати давале совети на родители на деца, најверојатно со церебрална парализа, по што требало да одат на хируршки зафат во српска болница.

Вработени за 1ТВ велат дека ќарот на Катлановска бања од овој ангажман би бил тоа што по операцијата лицата ќе се враќале кај нив на физикална терапија и третмани.

Тие сведочат дека во целата постапка затаила нивната правна служба која не побарала дозволи за работа за докторите странци.

Тврдат дека тие не прегледувале, туку давале консултации. Велат дека и другите бањи, освен една, немаат дозвола од Министерството за здравство, бидејќи како правни наследници на старата бања, никој не им барал дозвола за ординацијата.

Ова се неофицијални информации кои ги дознавме од високи претставници од Катлановска бања. Иако ги баравме и двајцата сопственици со управувачки пакет, до сега не добивме одговор.

Информациите се дека Катлановска бања ќе излезе со официјално соопштение за јавноста.

Филипче најави контроли во сите бањи

Во сите бањи ќе има контроли. Тоа што сега го забележавме во Катлановска бања го санкциониравме на начин што се забрани здравствена дејност и ги упативме луѓето да ги завршат работите согласно законските регулативи. Како било досега навистина не можам да одговорам. Не секоја бања е регистрирана како приватна здравствена установа, туку како ДОО или ДООЕЛ. Тоа е нешто што ние сега ќе го средиме да биде согласно важечкиот закон.

Ова денеска го истакна министерот за здравство Венко Филипче кој рече дека станува збор за процес што го наследиле.

– Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, издадена е забрана за вршење на таа дејност и официјалните лица од бањата се упатени во службите на Министерството тоа по регуларен пат го завршат во смисла на регистрација согласно нашите критериуми за регистрација на медицинска установа, потенцира Филипче по посетата на Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ – Чаир.

Тој информира дека по наодот на ДСЗИ денеска е закажан состанок со Фондот за здравствено осигурување на Македонија на кој ќе се разгледа овој проблем.

Извор: 1ТВ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e