ДУИ со нетрпение ги очекува изборите и следната победа

ДУИ со нетрпение ги очекува изборите и следната победа, изјави денеска во Собранието пратеникот на оваа партија Артан Груби.

– Убедени сме во апсолутна победа, посебно кај албанскиот блок и дека ќе станеме пресуден, одлучувачки фактор за формирање на следната влада и ќе бидеме гарант за трите договори, Охридскиот, Преспанскиот и Добрососедскиот, како и за реализација на програмата, нагласи Груби.

Тој потенцира дека ДУИ е за избори.

– Ние сме за избори. Ги очекуваме изборите, спремни сме, реформирани и готови да ја преземеме повторно одговорноста од граѓаните за реализација на нивните очекувања. Исто така, ги поддржуваме сите законски решенија, било да е тоа Законот за Армијата, Законот за ЈО, па дури и инкорпорирањето на препораките од ОДИХР и ОБСЕ во Изборниот законик кои би сакале да се усвојат во текот на јануари, по изборот на преодната влада, која ќе треба да ги организира изборите, рече Груби.

Тој очекува дека ова Собрание ќе го ратификува Протоколот за членство на нашата држава во НАТО и изрази надеж дека шпанските пратеници ќе успеат да го завршат процесот на ратификација на Протоколот до 12 февруари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e