Детектор: Најголем број граѓани очекуваат дигитализација на услугите

Поголемиот број граѓани сметаат дека бројот на вработени под државна капа треба да се намали. Вакви резултати дава последното истражување на јавното мислење кое по нарачка на Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

Повеќе од половина од граѓаните или 51,7 отсто сметаат дека бројот на вработени во јавната администрација треба да се намали. Само 15,5 отсто мислат дека се потребни уште вработувања додека 18,4 проценти се на ставот дека бројот на вработени во државните институции треба да остане ист.

Анкетата на Детектор покажува дека граѓаните кои имаат повисоки примања очекуваат помал број на вработени во јавната администрација. Па така, 52,6 отсто од граѓаните кои имаат примања пониски од 20.000 денари сметаат дека бројот на административци треба да се намали за разлика од над 60 отсто кои се со примања над 40.000 денари месечно кои се на став дека потребно е за државата да работат помал број на луѓе.

Близу две третини од граѓаните на вработувањата во јавниот сектор пред избори гледаат како на предизборна манипулација. Ваков став делат 62,6 отсто од анкетираните наспроти 14 проценти кои сметаат дека вработувањата пред избори се реална потреба на државата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e