Дескоска: Не е пристигнато барање за екстрадиција на Морина

До Министерството за правда не е пристигнато барање за екстрадиција на поранешниот припадник на ОВК Томор Морина. Штом ќе пристигне, веднаш ќе биде препратено на судовите кои ќе треба да одлучат по тоа барање, изјави денеска министерката за правда Рената Дескоска.

Одговарајќи на новинарско прашање, министерката за правда ја објасни процедурата. Според нашиот закон, барањето за екстрадиција треба да стигне до Министерството за правда, а потоа тоа се препраќа до судовите што одлучуваат.

– Досегашната постапка одеше по потерница на Интерпол, МВР врши запирање на лицето кое сакало да премине граница и потоа се води судската постапката. Ние како Министерство имавме досега единствено надлежност да ги известиме преку МНР амбасадите чијшто државјанин е лицето. Тој е државјанин на две држави, има британско државјанство и косовско државјанство. Ние согласно тие процедури веќе пративме известување до амбасадите коишто се во нашата држава, рече Дескоска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e