Техничка влада по Пржински терк, кроела опозициската ВМРО-ДПМНЕ на синоќешниот Извршен комитет, дознава 1 ТВ од партиски извори. Се предлагале имиња за министри за внатрешни работи и труд и социјала.
Членовите на Извршниот, отишле дури до таму што лицитирале и со имиња на полициски началници кои би биле поставени во период од 100 дена до предвремените парламентарни избори. Наши извори велат дека се наликувало на однадвор смислено сценарио, бидејќи за одлуките кои ги изнел потпретседателот на партијата Александар Николовски – техничка влада, јавен обвинител по предлог на опозицијта и собраниска анкетна комисија, воопшто не се гласало. Единствено, два часа се расправало за разрешувањето на заменикот генерален секретар Петар Богојески и формирањето на Комисијата која требало да ја донесе одлуката. Денеска Богојески на својата фб страна напиша, дека во овој момент ВМРО-ДПМНЕ е целосно на погрешната страна од историјата..
Ќе повторам, го поразивме Груевски, но не и груевизмот во нас.
Се плашам дека тие политики одат во корист на плановите за поширока политичка и безбедносна дестабилизација на регионалната стабилност, што ќе резултира со загрозување на македонската државност, што за мене е без простор за било каков компромис.
Мојата максима беше и останува “Да изгубиме сите, а да добие Македонија!”
Република Македонија ќе биде членка на НАТО и ЕУ, со или без овие политички елити на македонската политичка сцена, напиша Богојески на својата фб страна.
Членот на ИК од редовите на реформското крило Костадин Богданов за 1 ТВ изјави дека од синоќешниот состанок станало очигледно дека модернизацијата и демократизацијата на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде трнлив пат по кој партијата треба да изоди.
На седницата на Извршниот комитет не беше Митко Јанчев. Тој и на минатиот Извршен комитет не дојде, туку гласаше телефонски против партиската одлука – секој сам да одлучи за референдумот.
Јанчев ми рече дека е болен. Го контактирав пред Извршниот кокмитет. Му посаккувам побрзо оздравување, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Николовски.
Вечерва Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се очекува да ги потврди одлуките на Изршниот комитет….