Дали и колку е загрозено 2/3 мнозинство во Парламентот по притворот на Мијалков

Притворањето на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков го загрозува процесот на уставни измени и национално помирување. Алсат од проверени извори дознава дека во моментот на приведување Мијалков бил на консултативен состанок со осумте исклучени пратеници на ВМРО ДПМНЕ кои гласаа за отворање на уставните измени на 19. Состанокот се одржувал во хотел „Мериот“ во центарот на Скопје. Извори од пратеничката група за Алсат ја потврдија средбата со поранешниот шеф на разузнавањето, без да ги прецизираат темите за кои се разговарало.

Пратеници со кои контактираше Алсат велат дека по апсењето на Мијалков и притворањето на Миле Јанакиески и Кирил Божиновски, се става под знак прашалник натамошниот тек на уставните измени и национално помирување. Еден од пратеници кој гласаше за измените вели дека апсењата претставуваат напад врз процесот за помирување.

Неофицијално, се тврди дека Мијалков бил тој што ги убедил осумте пратеници да ги поддржат уставните измени за што го обвини и неговата матична партија ВМРО-ДПМНЕ од која експресно беше исклучен. На ваквите тврдења Мијалков одговори со јавни писма до лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кого го обвини за лажен патриотизам и за човек кој работи спротивно на стратешките определби на партијата.

Извор: Алсат-М

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e