Честитка од Спасовски за Водици: Со оптимизам и добра волја секој од нас да даде придонес за заедничка подобра иднина

Претседателот на Владата, Оливер Спасовски, по повод верскиот празник Богојавление – Водици, упати писмо со честитки до г.г. Стефан, архиепископ на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и на Јустинијана Прима, до свештенството на МПЦ-ОА и до сите православни верници во Република Северна Македонија, во кое упатува желби за „прифаќање на пораките од овој голем христијански празник кои потсетуваат дека сѐ може одново да се измие, очисти, обнови и повторно да се роди“.

– Оптимизмот и надежта со кои е исполнета пораката на празникот Богојавление – Водици, нека биде поттик постојано да го негуваме стремежот за добри дела како придонес на секој од нас за заедничка подобра иднина која ќе ја оствариме со добра волја за совладување на сите предизвици што ни претстојат на личен и на колективен план. Нека ни е честит и вековит, големиот христијански празник Богојавление – Водици, се вели во писмото со честитки на премиерот Спасовски по повод празникот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e