Кривичниот суд во Скопје не им дозволи на вицепремиерот Бујар Османи и на заменик-министерот за внатрешни Агим Нухиу да го посетат притворениот Томор Морина, поранешен припадник на Ослободителната војска на Косово.
Повикувајќи се на Законот за кривична постапка, судот ги известил Османи и Нухиу дека им го одбива барањето за посета, бидејќи според член 178 од Законот, „притвореникот може да го посетат блиски роднини, амбасадори, народен правобранител, а по барање на притвореникот може да го посети лекар и други лица“.
Томор Морина беше уапсен на Блаце, по потерница од Интерпол, на барање на Србија.