Брнс во својата прва новогодишна честитка изрази надеж за просперитетна Нова 2020

Американската амбасадорка Кејт Брнс во својата прва новогодишна честитка изрази надеж за просперитетна Нова 2020 и продлабочување на односите меѓу двете земји.

,Среќни празници од Американската амбасада во Северна Македонија. Како што се потсетувам за што да зборувам во мојата прва новогодишна честитка, имаше многу моменти што заслужија внимание во текот на изминатата година.

Вашата земја седна рамноправно на масата на НАТО самитот во Лондон , со што се остварија долгогодишните аспирации за членство во Алијансата. Тоа е  заокружување на процесот што почна со потпишувањето на договорот за пристапување во НАТО во февруари. Продолжува процесот на продлабочување и на билатералните односи. Во јуни бевте домаќини на најголемата воена вежба во историјата ,,Повратен удар” ,во кои ја учествуваа единици од тука , од САД, Албанија , Бугарија , Литванија  и Црна Гора. На почетокот на октомври , нашиот државен секртетар го посети Охрид, каде ја искажа поддршката кон Северна Македонија и се сретна со претседателот, премиерот и други претставници на власта. Како што наближуваше годината кон крај , имавте можност за соработка со вашите соседи , вашата економија се зацврстува и расте, со реални изгледи за натамошен регионален напредок.  Северна Македонија продолжува да ја покажува својата подготвеност за почеток на преговорите за членство со ЕУ , со имплементирање на реформите , неопходни за процесот кој ќе го помогне напредокот и растот на земјата. Странските инвеститори и натаму будно ја следат вашата земја кога пројавуваат интерес за регионот , како и годишното рангирање на Светска банка. Дури и туристичкиот водич ,,Travell Guide”им  ја препорача на Американците и на другите светски патници да ја откријат убавината и културното наследство на трето место на светот меѓу топ дестинациите за 2020. Знам дека сериозни предизвици остануваат и има уште многу да се направи , но правецот е позитивен и ветувачки и со надеж и оптимизам ви посакувам Среќни празници и напредна година , во која  нашето партнерство ќе продолжи да се развива.” , вели амбасадорката на САД во новогодишната честитка.

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e