БРАНЕ ПЕТРУШЕВСКИ ДА СЕ ИЗВИНИ ИЛИ ЌЕ ДОБИЕ ТУЖБА ЗА КЛЕВЕТА. Николовски со остра реакција на изнесените лаги од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ

Љупчо Николовски во врска со денешната прес конференција на пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ и изнесените обвинувања кон поранешниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, најави барање за јавно извинување и тужба за неосновано изнесени клевети.
– За измислените тврдења и невистини на Бране Петрушевски од ДПМНЕ кон мене следува барање за јавно извинување  и тужба за неосновано изнесени клевети. Нема да дозволам чесната, чиста, транспарентна, законска работа и посветеност на земјоделскиот сектор со многу нови мерки, политики и резултати никој да ја валка и да се обиде да наштети на честа и угледот на било кој начин а најмалку со серијали и голи монтирани конструкции со цел да ја покрие неспособноста и скандалите на власта како и безидејноста, немањето на план и визија за поддршка и развој на земјоделството, реагира Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e