Блокирани телефоните за помош на поплавените

Овој човек не можеше да добие ниту еден од броевите на министерството за финансии се обидувал и вчера, но залудно, објави Телма.

telefon_stajkovci

Идентични одговори добивме од речиси сите негови соседи .

Многу пати безуспешно се обиделе да се јават на броевите на кои треба да дадат известување во која банка сакаат да им се исплати авансната помош во износ од 500 евра.

За овие луѓе проблем е постојано да бидат покрај телефонот бидејќи имааат многу работа околу расчистувањето на куќите и дворовите. Наместо нив се јавуваат нивните деца. Еден од нив ни испрати и фотографија како доказ за тоа колку пати се обидел да ги добие четирите броја на министерството за финансии.
На терен успевме да го снимиме само овој човек кој имал многу повеќе среќа во јавувањата.
Во ваква ситуација, за жителите е нејасно дали и како ќе успеат да се пријават за испалта на вансната помош со оглед на фактот дека на официјалната страница на министерството за финансии стои дека рокот е до понеделник во 19 часот.
Една од опциите според нив треба да биде негово пролонгирање.
Став за ситуацијата не успеавме да добиеме од ниту една од надлежните институции.
Без одговор останавме и во министерството за финансии.
Премиерот Димитриев пред неколку дена изјави дека до вторник авансно ќе бидат исплатени сите семејства со по 30 000 денари. Од сега посетените 3 500 семејства, до сега се обработени податоците за околку 1950.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e