Битиќи: Платите во здравствената и социјалната заштита пораснаа за 61 отсто

Платите во дејностите на здравствена и социјална заштита во периодот од 2016 до 2023 година пораснале за 61 отсто, од 24.570 на 39.624 денари, покажуваат графиците кои ги сподели вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи на социјалните мрежи.

Од графиците може да се забележи дека платата во секторот уметност, забава и рекреација пораснала од 21.126 денари на 35.120 денари, што претставува раст од 66 отсто.

Во другите услужни дејности платите во овој период пораснале за 67 отсто, од 26.129 на 43.824 денари.

„Зголемувањето на благосостојбата на нашите граѓани е главната цел на нашата влада. Во периодот 2016-2023 година забележавме извонредно зголемување на просечната плата не само во јавниот сектор, туку и во приватниот сектор“ напиша на социјалните мрежи вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e