Во една од денешните аудио-снимки кои излегоа на Јутјуб а поврзани со случајот „Рекет“, гласот за кој се шпекулира дека е на бизнисменот Орце Камчев вели дека премиерот Зоран Заев го посоветувал да го пријави случајот кај надлежните, затоа што, каконаводно рекол Заев, „Македонија мора да биде правна држава“.
„Пишува, те молам Зоки јави се, рекол Камчев. Не можам друже, во гужва сум, му рекол Заев. Не треба да дадеме кај Вилма ништо, мислам дека не треба да дадеме ништо, вели Камчев во снимката. Му го пишував ова брат, го имам во документ, ќе ти го покажам, му вели Камчев на соговорникот на телефон. Друже мој, Македонија мора да стане европска, правна држава, и ми вели да одиш утре да си пријавиш, оти ти ќе одговараш, му рекол Заев на Камчев, а тој му раскажува на соговорникот.“ , се вели во разговорот.