Арсовски: Ние веруваме дека Македонија е по подготвена од било кога да добие датум за преговори

Ние веруваме дека Македонија е по подготвена од било кога да добие датум за преговори и ние секаде каде што имаме прилика лобираме да го добиеме оној очекуван  датум за преговори коишто е очекуван можеби повеќе од 10 години, рече денеска Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ во одговор на новинарско прашање.

Тој вели дека граѓаните и државата  не смеат да бидат казнети заради недомаќинското и неморалното работење на Зоран Заев и владата на СДСМ.

-Единствено решение и излез доколку не се добие или и доколку  се добие било каков датум за преговори дали со услови или било како и да е, излез за моменталнава ситуација  во државава којашто ни се случува сега во моментов каде што тонеме на секое поле е предвремени парламентарни избори за коишто се повеќе се очекува и се знае дека се неизбежни, се со цел државава да излезе од ситуацијата во која се наоѓа. – вели Арсовски.

Ознаки: , ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e