Анкети на ИПИС и МТВ: Европскиот фронт би освоил 35 пратеници, ВМРО-ДПМНЕ 29 во изборните единици 1, 2, 5 и 6

Европскиот фронт би освоил 35 пратенички места од Изборните единици 1, 2, 5 и 6 според анкетата објавена во „Објектив“ на МТВ, а изработена од Институтот за политички истражувања – Скопје на анлитичарот Владимир Божиновски, кој е близок до опозициската ВМРО-ДПМНЕ, наспроти 29 мандати за опозициската партија.

Овие резултати покажуваат дека Европскиот фронт има предност за формирањето на влада пред престојните редовни парламентарни избори и го отсликуваат проевропското расположение на граѓаните.

Од досега објавените резултати, Европскиот фронт убедливо води во Изборната единица 6, каде што СДСМ, ДУИ, Алијанса за Албанците, ЛДП, ДОМ, ВМРО-Народна партија би освоиле 11 мандати, наспроти 3 на ВМРО-ДПМНЕ. Во Изборната единица 5, Европскиот фронт би освоил 10 мандати, наспроти 9 на ВМРО-ДПМНЕ, додека блага предност има ВМРО-ДПМНЕ во изборните единици 1 и 2.

Ваквите резултати, дури и на анкетите од проопозициските институти покажуваат дека е лажен триумфализмот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и дека мнозинството од граѓаните својата поддршка ја даваат на владејачкиот Европски фронт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e