Алсат-М: ДУИ сигнализира прекин на соработката со ВМРО-ДПМНЕ

Иако официјално од ДУИ не започнале преговори за формирање на новата Влада со ниедна од македонските партии, високи претставници на оваа партија почнаа јавно да говорат против соработка со поранешниот премиер, Никола Груевски.

Како причина ја наведуваат неговата анти-албанска и анти-западна реторика. Самиот потпретседател на ДУИ, Невзат Бејта, изјави дека ниеден Албанец не сака да соработува со Никола Груевски, додека партискиот портпарол, Бујар Османи, изјави дека одлуката за коалицирање нема да биде во спротивност со волјата на Албанците. – објави Алсат-М.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e