Ахмети и Тачи од „смртни“ непријатели до нови партнери?

Некогашните „смртни“ противници Али Ахмети и Мендух Тачи во последниот период значително ги затоплија односите во период кога државата беше во тешка политичка криза и потоа придонесоа за спроведување најпрво на договорот од Пржино, а по изборите си помагаа во новото парламентарно мнозинство кога беше „кнап“.

Сепак, прашањето е дали тоа е доволно за коалиција меѓу ДУИ и ДПА нa претстојниот втор круг од локалните избори или пак такво нешто воопшто и не постои, туку политичките противници на Ахмети се обидуваат да го претстават во послабо светло, односно дека токму него сега му се потребни нови партнери за да победи во трката за градоначалници.

БЕСА и Алијансата за Албанците ја официјализираа коалицијата за вториот круг прикажувајќи обединет фронт, а Бујар Османи ги обвини дека во Чаир прават тајни коалиции. Исто така долго време кон БЕСА фрлаат стрели дека сака соработка со ВМРО-ДПМНЕ која ја кријат од јавноста. БЕСА, пак сега возврати дека министрите на Ахмети во Владата одобриле 5000 евра за хашкиот осуденик Јохан Тарчуловски кој е одговорен за нападот на Љуботен.

Целиот текст на порталот Фактор прочитајте го тука

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e