Ацо Кабранов открива што се случувало во штабот на ВМРО -ДПМНЕ ноќта на изборите

Во колумна за порталот Либертас, уредникот на порталот Ацо Кабранов, пишува за тоа кој како реагирал на резултатите од иборите.

Еве што пишува Кабранов:

Новинарите вечерта по затворањето на гласачките кутии во неделата известија дека во белиот дворец е само вратарот, тие и бате Геле – најголемиот фан на дон Саше. Но, горе по спратовите на кичестиот дворец сепак биле повеќемина од друшките на нивниот Луј.

Моите извори тврдат дека тој, “величенствениот“, седел сам во огромниот кабинет и не примал никого. Некаде околу 15-тина минути пред 22 часот повикал само еден од аналитичкиот центар и го прашал точно да му каже какви резултати добиваат. Добил куса, но точна информација – катастрофални се.

„Што значи катастрофални, за Скопје какви се“ наводно прашал Груевски. „Катастрофа“ добил одговор пред да добие дозвола да замине од кабинетот на вождот.
Горде и Миле се шуткале во канцеларите и грицкале нокти очекувајќи барем зрак надеж дека не е се така катастрофално.

Илија Димовски наводно се одважил да коментира за кандидатурата на Тарчуловски дека им била погубен чекор, но дека Мијалков така решил и ги убедувал дека ќе се уверат дека Хашкиот затвореник е адут за победа.

Спиро Ристовски околу 22 часот се пожалил дека го боли глава и си заминал од дворецот, а истото го сторил и Влатко Ѓорчев.
Мијалков во стилот на голем шеф дошол со двајцата синови по затварањето на кутиите ,се провретеле извесно време вели нашиот извор. И со нив Груевски не бил расположен да се сретне па и тие набрзо си заминале откако најстариот сфатил дека им се случил дебакал.

Сите освен Влатко заминувале низ подрумските гаражи за да ги одбегнат медумите и камерите оти оваа ноќ не им било до сликање.

Тодоров наводно воопшто и не дошол вечерта во штабот.

Ете вака отприлика војводите кои цела деценија се кочопереа и правеа се што ке им прдне на памет забегани во моќта што им ја даде нивниот наредбодавец кому тие верно му коленичеа. Вака некако било во најстрашната за нив ноќ во партискиот дворец. Ноќ на побегуљи и дотолчен лидер затворен сам во неговиот партиски кабинет.

П.С.

Сигурно има уште многу пикантерии од дешавките во помрачената атмосфера во шампитата. Имав дилема да не е ситење да им објавиме, но сепак после се што правеа народот чинам заслужува да подразбере како војводите доживуваат пораз кога не се во состојба да наместат победа.

aco-kabranov-540x469

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e