(90<10) НОВ УСПЕХ НА ВЛАДАТА Откриена нова математичка формула за која светот допрва треба да дознае?

Огромен број на негативни коментари на адреса на владата на ВМРО-ДПМНЕ по вчерашниот обид да го присвојат како свој проектот за експресен пат Страцин-Крива Паланка.
Владата на Мицкоски наместо државна, вчера направи партиска промоција, на која пред граѓаните невешто и мизерно се претставија како се` да започнува од нив.
472262837_1199520714863186_5656516536077305078_n
Кога беа во опозиција, правеа се за да ја блокираат изградбата на овој значаен проект, најверојатно од страв да не биде завршен пред тие да ја превземат владата. И откако делумно им успеа тоа сценарио и во нивниот мандат останаа да ги дозавршат само финалните работи, односно помалку од 10% од доизградбата, сведоци сме како вчера се обидуваа пред јавноста да креираат слика дека тие се оние најзаслужните.
471309533_1149527359872088_3981186865857755812_n (1)
Затоа, граѓаните по социјалните мрежи посебно кривопаланчани, си играат мајтап со власта, инспирирани од лошата владина ПР стратегија.
Па така по социјалните мрежи, може да се прочитаат саркастични коментари од типот:
“Според вмровската математика од вчера 90 е помалку од 10. Да, од вчера светот треба да знае дека 90% е помалку од 10%. Ова е нов успех и откритие на новата вмровска влада во Северна Македонија”
“Ако еден маратонец истрча 9км и му ја предава штафетата на вториот кој треба да го истрча последниот само еден км од маратонот, овој првиот не е битен, тој што го завршил маратонот со истрчани 1км, тој е најзаслужниот за медал”
“А Трамп знае ли дека вмровците открија нова математичка формула?”

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e