„27 април“; Маскираните со инструкции од обезбедувањето на Велјановски

Лицата со фантомки кои лани на 27 април влегоа во Парламентот, логистика за движење низ собраниските ходници добивале од обезбедувањето на тогашниот спикер, Трајко Вељаноски. Снимките од безбедносните камери кои денеска во судница ги пушти обвинителството за организиран крминал, покажуваат дека шефот на обезбедување на тогашнот претседател на собранието, Горан Ѓошевски – Леви се поздравува со обвинетиот Никола Митревски – Кољо, а на останатите лица со фантмоки им покажува каде е прес-салата.

Освен Кољо, обвинителството ги идентификуваше и останатите обвинети кои носат маски, а тоа се Горанчо Ангеловски – Ќосето, Младен Додевски, Дејан Давидовски, Митре Питроповски, Игор Југ како и Вилијам Михајловски. И денеска како и на минатото рочиште обвинетите не сакаа многу да зборуваат за законот за амнестија кој го најави ВМРО – ДПМНЕ.

Прашање: Господине Димовски кратко околу законот за амнестија, ќе го поддржите?

– Па, јас го предлагам како да не го поддржам, одговара Љупчо Димовски.

Прашање: Василевски, кусо околу амнестијата?

– Немам никакви информации околу тоа, вели Сашо Василевски, обвинет за 27 април.

Обвинетиот Абдулфета Алими, кој во времето на упадот работеше како дел од собраниското обезбедување, уште еднаш посочи дека на 27 – ми април ги следел само наредбите на надредените.

„Стварно да ви кажам воопшто не ме интересира амнестијата, зашто знам дека сум невин…“, рече Алими.

За крвавиот упад во Собранието на 27 – ми април лани, 33 лица се обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок. Обвинителството за организиран криминал и корупција преку видео снимките од безбедносните камери докажува дека упадот бил планиран и координиран. Најавија дека до Нова Година може да се очекува проширување на обвинението и со нарачателите на насилството.

Извор: Алсат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e