За инвестиции во „капка по капка“ и бунари ќе бидат склучени 322 договора вредни 75 милиони денари

– Вкупно 322 договора вредни 75 милиони денари ќе бидат склучени по Јавниот повик за набавка на системи за наводнување „капка по капка” и за конструкција на бунари од Програмата за рурален развој.

Договорите чие доделување беше организирано денеска во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ќе ги потпишат земјоделски стопанства и земјоделци од сите општини низ државата.

-Оваа финансиска поддршка е силен импулс за модернизирање на земјоделството. Владата прави максимални напори да ги намали трошоците и да го зголеми производството, рече премиерот Димитар Ковачевски пред додедлувањето на договорите.

Ковачевски потсети дека оваа мерка за поддршка е само една од многуте со кои Владата покажа грижа за секоја дејност, вклучувајќи го и земјоделството.

– Ставаме силен фокус на земјоделството како еден од основните економски двигатели. Првпат подготвивме Национален план за храна вреден 400 милиони денари. Секое парче обработлива земја ќе го ставиме во функција на производството, рече премиерот, потсетувајќи дека во првите 100 дена се распишани пет јавни повици за мерки со кои се јакне земјоделството.

Субвенциите редовно се исплаќаат, а се вложува и во капитални проекти, дополни Ковачевски.

Според ресорниот министер Љупчо Николовски, интересот за огласот за набавка на системи за наводнување „капка по капка” и за конструкција на бунари беше многу голем.

-Овие 322 договора вредни 75 милиони денари се највисоката бројка споредено со претходните години и огласи што зборува за дизајнирање мерки кои се навистина од интерес за земјдоелците, но и за промени во условите за аплицирање согласно сугестиите од терен, напомена Николовски, посочувајќи дека во 2016 година за оваа мерка биле склучени само 25 договори.

Директорот на Платежната агенција Никица Бачовски информира огласот заврши на 11 февруари, а денеска, по три месеци, договорите се веќе изготвени. Со одобрените средства, рече, ќе може да се набават подземни и надзмени ситеми за наводнување, филтри, електрична инсталации за струја,…, а кофинансирањето е 50 – 75 отсто.

Премиерот Ковачевски ги додели првите пет договори за набавка на системи за наводнување „капка по капка” и за конструкција на бунари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e