Жителите на Аеродром и Ново Лисиче вечерва ќе можат да си наточат вода од уличните чешми или од цистерните

При крај се подготовките за изведба на реконструкција на водоводна линија ф700 кај новиот кружни тек меѓу ул. Христо Татарчев и бул.Србија (последна 24-ка), информираа од јавното претпријатие „Водовод и канализација.

Реконструкцијата ќе се изведува од вечерва и без вода за пиење од 20 часот до завршување со работа ќе останат следните населби: Аеродром и Ново Лисиче (висока зона – стамбените објекти над 5ти кат), Припор, Сопиште, Ракотинци и Добри Дол како и дел од Кисела Вода на ул. Христо Татарчев крак 1-11, крак 2, Сервисна Зона Југ, дел од бул. Борис Трајковски и дел од бул. Србија (од новиот кружен тек до бул. Борис Трајковски).

„Нашата проекција е дека работните активности би требало да завршат во период од 12 до 18 часа, што значи дека нормално водоснабдување на корисниците би им се овозможило во периодот од 08 до 14 часот наредниот ден 11.08.2018 година (сабота)“, велат од „Водовод и канализација“.

Бидејки ќе се работи во текот на ноќта, додаваат од таму, јавното претпријатие за жителите од наведените населени места ќе обезбеди цистерни со питка вода. Исто така, посочуваат од таму, уличните чешми во населбите Аеродром и Ново Лисиче непречено ќе функционираат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e