Во Секторот за внатрешни работи Скопје вчера вечерта било пријавено дека во скопското село Студеничани бил пронајден со повреди од огнено оружје Е.Ш.(28) од село Марино.
-Тој бил застрелан со повеќе истрели од огнено оружје од лицето К.А.(41) од с. Студеничани од возило во движење. На настанот му претходела тепачка меѓу двајцата, информираат од МВР.