Заев во среда на трибина „Излези ЗА Европска Македонија“ во Крива Паланка

Претстојната среда на плоштадот Карпошово востание, пред општинската зграда, ќе се реализира трибина „Излези За Европска Македонија“ на премиерот Зоран Заев со граѓаните на општината. Трибината ќе се оддржи на градскиот плоштад во Крива Паланка со почеток од 18 часот.

Од општината упатуваат отворена покана до граѓаните да присуствуваат на отворената трибина на која Заев ќе ги истакне актуелните политики на власта во насока на евро-интеграциите за кои граѓаните треба да одлучат на претстојниот референдум на 30-ти септември.

„Ќе разговараме за сите предности и отворени прашања со кои сме соочени пред историскиот референдум. Повелете да ги слушнете сите аргументи зошто е важно да се поддржи референдумот и да се избере сигурна иднина за нашата земја. Граѓаните ќе бидат целосно и правилно информирани за да може да донесат вистинска одлука.“ – се наведува во кампањата која опфаќа тирбини низ целата земја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e