Во училиште во скопската населба Аеродром се степале неколку жени

Поради семејни недоразбирања, во училиштето во скопcката населба Аеродром, физички се пресметале неколку лица.

-Вчера во 14.51 часот во Полициската станица Аеродром, А.Б.(30) од Скопје пријавила дека околу 15.00 часот во училиште на булевар „Видое Смилевски Бато“ била физички нападната од Б.А.(21) од Скопје.

Подоцна, во 18.00 часот во полициска станица, А.Б. пријавила дека околу 16.00 часот во истото училиште била физички нападната и од С.А.(57) од Скопје. Исто така, во Полициската станица Аеродром, С.А. пријавила дека околу 16.00 во училиштето била физички нападната од М.Б.(37) од Скопје.

Според пријавеното, причина за физичките напади, се меѓусебни семејни недоразбирања- велат од МВР.

Случајот е расчистен и поднесени се прекршочни пријави за сите инволвирани по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e