Викенд со шпански филм во Крива Паланка

Општина Крива Паланка и Амбасадата на Кралството Шпанија Ве поканuваат на отварањето на филмскиот циклус „ВИКЕНД СО ШПАНСКИ ФИЛМ“ кој ќе стартува со проекцијата на филмот „Среќни 140“.

Првата проекција е закажана за 07.09.2018 г. (петок) со почеток во 20 часот на плоштадот Карпошово востание (доколку недозволуваат временските услови настанот  ќе се одржи во НУ Центар за култура), информираат од локалната сампуправа на Крива Паланка.

Во периодот од 07.09. 2018 г. до 11.09.2018г. граѓаните ќе можат да проследат пет современи остварувања на шпанската кинематографија, која е светски реномирана и високо ценета од филмските критичари, но и од публиката.

Филмовите се во селекција на Амбасадата на Кралството Шпанија. Влезот за проекциите е бесплатен.

Nedela-na-spanski-film-50x70-1-731x1024

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e