(ВИДЕО) Се преврте пожарна на пат кон Арачиново каде требало да се спасува опожарена куќа, тројца пожарникари повредени

Тројца пожарникари од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје се повредени денеска откако противпожарното возило се превртело во скопската населба Маџари кај Триангла.

Фото и видео: Канал5

– Пожарникарите итно се префрлени во Ургентниот центар, контактибилни се и се прават детални анализи, изјави за МИА командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје Звонко Томески.

Екипата требало да интервенира на пожар во куќа во селото Арачиново. Таму била испратена друга екипа. Опожарена е куќа во Арачиново од 200 метри квадратни, покрив и еден кат.

Противпожарното возило од засега непознати причини се превртело. Во тек е увид на местото на несреќата, а штетата дополнително ќе биде утврдена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e