(ВИДЕО) Музичко – поетска вечер „Место каде минатото се сретнува со иднината“

По повод Денот на Европа во амбиенталниот простор на духовното светилиште , манастирскиот комплекс св.Јоаким Осоговски  се одржа поетско – музичка манифестација насловена „Место каде минатото се сретнува со иднината“ .

32253335_10212890592442756_7372868807389347840_n

Пред присутните говореа и амбасадорот на ЕУ во Република Макеоднија Семјуел Жбогар и градоначалникто на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.

Настапија: здружението „Извор“ од Кратово, преку проектот „Музичко-поетски караван“, финансиски поддржан од делегацијата на ЕУ во РМ,  по повод европската година на културно наследство 2018, градскиот оркестар „Алегро“ од Крива Паланка, под палката на нивниот ментор, проф. Лариса Жулина-Митовски, поетесите Оливера Станковска и Ирена Стевановска, д-р Мице Дудучки, во придружба на оркестарот „Кратовски тамбураши“, на гитара свиреше Томе Нешковски, Анастасија Јовановска и Ванеса Митовска, ученичка во СОУ„Ѓорче Петров“, Мила Серафимовска, една од најперспективните таленти во Куманово, гудачкото трио на малиот камерен оркестар „Пламенка Трајковска„ од Скопје и секако староградскиот состав „Распеани кривопаланчани“и Боби Серафимовски од Куманово.

32191300_10212890592722763_5536684470607806464_n

Преку богатството на изборот на уметнички творби присутните го доживеаја богатството на музичко-поетската вечер, но и богатството и единственоста на Европската култура.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e