(ВИДЕО) Кривопаланечкиот градоначалник Мицевски одржа прес конференција за случувањата во МЗ Мождивњак

Градоначалникот на oпштина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски денес оддржа прес конференција по повод шпекулациите кои деновиве се појавија во одредени медиуми, а по повод лиферуваното соопштение за наводно неодговорно однесување на Општината кон барањата на жителите од месната заедница на с.Мождивњак.Во оваа прилика градоначалнуикот Мицевски ги демантираше наводите и шпекулациите изнесини во соопштението до медими и рече:„Во текот на измимната 2018 и тековната 2019 година до Општина Крива Паланка и до стручните служби се стасани вкупно 4 барања, на кои соодветно и во дадените рокови им е одговорено и тоа позитивно.Имено, првото барање од месното население на с.Мождивњак било во март 2018 година во кое се бара санација на дел од локален пат кон маала Серафимовци, на кое позитивно е одговорено и патниот правец е саниран.Второто барање се однесува за тековно оддржување на зграда во месната заедница во с.Мождивњак за кое барање, од страна на Општината се одобрени финасиски средства и истата е санирана.Третото барање е од април 2019 година на кое, исто така позитивно е одговорено, се однесува на санација на базен и зафатот за водоснабдување во с.Мождивњак и последното барање е за санација на водоводната мрежа во с. Мождивњак на кое исто така, од страна на Општината се одобрени материјали и финасиски средства и истото е веќе реализирано.Дополнително на сето ова, во текот на месец јули 2018 година, извршена е санација на локалниот патен правец во месноста викана Дубје- с. Мождињак во правец на Лисец, односно с.Каврак во должина од 6 км.Што се однесува за дописот за санацијата на ударни дупки на асфалтираниот дел од патот во с.Мождивњак, ќе кажам дека, на колегиумот кој се оддржа на 23.09.2019 година, од наша страна е нотирано дека, до стручните служби во општината е даден налог за санација преку фирмата „Лабино трејд“, која што е одговорна за превземање на мерки и санација на ударните дупки на територијата на општина Крива Паланка. Дополнително на тоа, по оддрржувањето на колегиум и давањето на насоки и налог за санација на ударните дупки во с.Мождивњак, од страна на неовластени лица од месното население е превземена активност за неовластено полнење на истите со бетон, што е несоодветно и во спротивност со сите законски одредби.Во исто време, заради реализација на оваа самостојна активност, тие го блокирале и локалниот патен правец со моторно возило и останата механизација и самоволно без претходна консултација и одобрение од страна на Општината, извршиле затрупување на дупките со бетон, а со тоа извршиле и прекршување на Законот за градење и направиле и повреди во делот од Законот за безбедност во сообраќајот по член 14 и член 63. Поради тоа, наши служби од Одделението за инспекциски надзор, излегоа на лице место и направија увид и ја констатираа состојбата на теренот и веќе е доставена Преставка до надлежните институции за превземање на соодветни мерки против сторителите на ова дело.Во оваа прилика сакам да кажам дека, во изминатиот период Општина Крива Паланка има исклучително добра соработка со поголем број на месни заедници во кои заеднички интервенираме и правиме активности, кои се од интерес и потреби на месното население. Многу активности се реализирани со жителите на с.Мождивњак, со жителите од с.Кркља, с.Луке, Голема и Мала Црцорија, Нерав, како и останатите населени места. Од тие причини сметам дека, сите скорешни наводи, кои беа лиферувани во одредени медиумите, се само исполитизирани и ставени во функција на политичка кампања, која во моментот е неоправдана и неоснована. Во тој контекст ќе напомнам само дека, општина Крива Паланка заедно со ЈП ДП, конкретно само оваа година на патниот правец кон с.Луке има инвестирано околу 500 илјади евра во 11 км. асфалт, а минатата година асфалтирафме патишта кон село Осиче во должина од 8 км., а завршивме со асфалтирање на десетина локални улици, патни правци во с.Конопница и с.Трново, а оваа година со нови инвестиции од околу 400 илјади евра продолжуваме со асфалтирање на предвидените патни правци. Напоредно на сето ова, Општината интензивно работи на реализација на друга инфраструктура и сето тоа според планот и програмите за работа на Општина Крива Паланка. Ние не можеме да постапуваме на друг начин и сето она што ќе се превземе од страна на неовластени лица, ќе биде санкционирано. Во таа насока ќе ги замолам моите сограѓани, да сите потреби и барања кои ги имаатда бидат писмено нотирани и адресирани до Општината и во координација со планот и програмите за работа на одделенијата во рамки на општината, а ние ќе излеземе во пресрет на сите тие барања.Како никогаш досега Општина Крива Паланка инвестира во патната, водоводната, канализационата инфраструктура, регулацијата на речните корита на Крива Река и Дурачка Река, како и во други проекти од круцијално значење, така и ќе продолжиме да работиме во интерес на граѓаните на општина Крива Паланка“, истакна Мицевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e